ОпштествоСоединети Американски Држави
Воз во САД излета од шини
28 јуни 2022Реклама
Железничката несреќа се случила на железнички премин во Мендон, во американската сојузна држава Мисури. Возот удрил во камион.
„Има голем број повредени и можеме да потврдиме смрт на три лица - две во возот и едно лице во камионот“, изјави портпарол на полицијата. Во околните болници се пренесени најмалку 40 лица.
На социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од превртени вагони и луѓе кои можеле да излезат од возот, кој се движел на релација Лос Анџелес - Чикаго.
Во неделата (26.06) воз на железничката компанија Амтрак, во Калифорнија, се судри со возило на необезбеден железнички премин. Во таа несреќа загинаа три лица.