Во тепачка во Охрид убиен турист
27 август 2010Реклама
„Рано утрово во Општата болница беше донесено едно лице на околу 30 годишна возраст без знаци на живот и едно лице со лесни контузивни повреди на главата. По укажаната лекарска помош повреденото момче е пуштено на домашно лекување,“ изјави за Дојче веле потпаролот на Општата болница Сашо Василески.
Обдукцијата ќе треба да ги утврди причините поради кои настанала смрта кај младиот турист од Белград. Неофицијално во масовната тепачка во ноќниот клуб „Хавана“ учествувале две групи од српски туристи. Охридската полиција работи на расчистување на случајот, а се се очекува да излезе и со официјално соопштение.
Автор: Милчо Јованоски
Редактор: Александра Трајковска