1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во СПД се избира нов генерален секретар

31 октомври 2005

Спорот во СПД околу идниот генерален секретар се заострува.

https://p.dw.com/p/Acf0
Клаус Уве Бенетер, досегашен генерален секретар во СПД
Клаус Уве Бенетер, досегашен генерален секретар во СПДФотографија: AP

Денеска 45-членото партиско раководство ќе мора да се определи за еден од двајцата кандидати, кој потоа ќе му биде предложен на партискиот конгрес. Ова е договорено на синоќешната седница на претседателството на партијата во Берлин.

„Кајо Васерхефел и Андреа Налес ќе кандидираат. Партиското раководство ќе реши со тајно гласање. Договорот е дека резултатот потоа како единствен предлог за таа функција ќе му биде упатен на партискиот конгрес“ – соопшти претседателот на СПД Франц Минтеферинг.

Тој за генерален секретар го предложи Кајо Васерхефел, но многумина не се согласуваат со тоа, посебно во левото крило на партијата. Од таму доаѓа противкандидатот Андреа Налес, некогашен претседател на подмладокот на СПД. Откако не можеше да биде постигнат договор да се избегне таква конкурентска борба, е дојдено до синоќешното решение за излез од ситуацијата. Минтеферинг остави отворено дали ќе има и лични консеквенции доколку раководството на партијата не се определи за неговиот кандидат.

Досега генерален секретар на СПД беше Клаус-Уве Бенетер.