1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во сенка на кавкаската криза

Петер Штицле25 август 2008

Германската канцеларка Ангела Меркел патува во дводневна посета на Шведска, Естонија и Летонија. Ова требаше да биде рутинска посета на канцеларката, но поради ситуацијата во Грузија, таа добива голема политичка тежина.

https://p.dw.com/p/F4Hj
Меркел патува во Шведска, Естонија и ЛатвијаФотографија: AP

Владите на овие три членки на ЕУ, имено, одреагираа со голема острина на руското влегување во Грузија, додека Германија исто како и Франција се обидуваше да најде поумерен тон и да го задржи дијалогот со официјална Москва. Што ја очекува Ангела Меркел во Стокхолм, Талин и Вилнус?

Темата Грузија е неизбежна

„Секако дека оваа тема ќе се најде во прв план“ - посочи портпаролот на германската влада Томас Штег. Дотолку повеќе што шведскиот премиер Рајнфелт минатиот понеделник ги замрзна сите воени контакти со Москва. На германската канцеларка нема да и‘ биде полесно ни утре во Естонија и Латвија, бидејќи претседателите на овие две земји, заедно со колегите од Полска и Летонија одлетаа демонстративно во грузискиот главен град Тбилиси ден по руската интервенција за да манифестираат солидарност со грузискиот претседател Михаил Саакашвили. За разлика од ваквото демонстративно ставање на страна на Грузија, германската влада се трудеше да одбегне еднострани обвинувања и критики, туку само ја критизраше прекумерната употреба на сила на руската армија. Така се појавија знаци на можен раскол во ЕУ по прашањето на Грузија.

„Не може да станува збор за поделба. Сметаме дека во наредните денови и недели ќе биде можно да се најдат заеднички позиции во рамките на ЕУ....“

Различни ставови

Разлики меѓутоа се‘ уште постојат. Од Балтичките држави, кои дури во 2004-та најдоа закрила во НАТО сојузот, се слушаат гласови кои бараат Грузија што поскоро да биде примена во Алијансата. Гостинката од Берлин неодамна во Тбилиси и‘ понуди членство на Грузија, но:

„Таква одлука не претстои ни денес, ни утре“ - јасно стави на знаење портпаролот на Меркел.

За таков чекор на Балтичките држави им е неопходна согласноста на останатите членки на НАТО, исто како што на Германија и‘ е потребна поддршката на Балтичките земји и на Шведска за нејзината желба да се обнови дијалогот со Москва. Посетата на канцеларката Меркел на Шведска, Естонија и Летонија денеска и утре може да донесе придвижувања во таа насока.