1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Рио гори Олимпискиот оган

ЖА/дпа/афп/ртре6 август 2016

Со палењето на Олимпискиот оган и спектакуларна церемонија и официјално беа отворени 31. Летни олимписки игри на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро.

https://p.dw.com/p/1JcYf
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Gash

Олимпискиот оган го запали поранешниот маратонец Вандерлеи Кордерио да Лима. Проценето е дека свеченото отворање го гледале скоро три милијарди луѓе низ светот.

Низ импресивни сцени на стадионот беше симболично претставена историјата на домаќинот, Бразил: земјата на палми, која европските морепловци ја откриле и решиле да ја населат заради користење на огромните плодни површини; пристигнувањето на други туѓи народи: африканските робови, доселениците од Азија и арапските земји. Сите тие од Бразил денес сочинуваат шаренолика и мултикултурна држава со оригинална историја на интеграцијата, но и земја сеуште среде тој процес.

До 21. август преку 11.000 спортисти од 200 земји ќе се натпреваруваат за медали во спортските дисциплини. Прват ќе учествуваат и десетмина бегалци, за кои Меѓународниот олимписки комитет првпат формираше свој тим. Нивниот тим беше пречекан со одушевување.
„Во олимпискиот свет сите сме исти“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, кој во својот поздравен говор на отворањето ги истакна олимписките вредности, како алтернативен одговор на големите кризи во светот. Еден од најимпресивните моменти на повеќечасовната свечена церемониај на отворањето беше дефилето на вкупно 207 национални спортски тимови ос цел свет. Германската екипа ја предводеше пинг-понгарот Тимо Бол како носител на знамето. Со 423 спортисти Германија ја има третата по бројност екипа на Олимпијадата во Рио, по САД со 549 и Бразил со 465 спортисти.

Olympia Rio 2016 Eröffnungsfeier Deutschland Timo Boll
Германската екипа е една од најбројнитеФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. J. Philip
Olympia Rio 2016 Eröffnungsfeier Vanderlei Cordeiro de Lima Fackel
Вандерлеи Кордерио да Лима го запали Олимпискиот оган на МараканаФотографија: picture-alliance/dpa/Z. Czegledi

И Македонија има своја спортска делегација во Рио. За Бразил отпатуваа Нина Балабан (спортско стрелаштво 10 м. воздушна пушка), Анастасиа Катерина Богдановски (пливање 200 метри слободно), Катерина Николоска (џудо – 63 кгр), Марко Блажевски (пливање 200 метри мешано), Ристе Пандев (атлетика 100 метри) и Дрита Исљами (атлетика 400 метри со пречки). Македонското знаме на вечерашната церемонија на отварање на игрите го носеше Анастасиа Катерина Богдановска.

До почетокот на Игрите, први што се одржуваат во Јужна Америка, се стравуваше дека некој од скандалите ќе фрлат сенка на најочекуваниот спортски настан, како рускиот државен допинг скандал, вирусот Зика, протестите, проблемите со безбедноста, инфраструктурата и објектите во градот,

Меѓутоа, организаторите се надеваат дека сега фокусот може да се префрли на спортските терени.