Во Газа продолжуваат судирите меѓу Фатах и Хамас
14 јуни 2007Реклама
Претседателот на Палестинците Махмуд Абас денеска ќе даде изјава по однос на состојбата во автономните области. Се очекува да прогласи крај на владата на национално единство меѓу Фатах и Хамас. Поради нападите на борците на Хамас минситрите на Фатах не учествуваа во работата на кабинетото. Досега при борбите меѓу приврзаниците на двете партии убиени се повеќе од 70 лица.Борбите во градот Газа продолжуваат и денеска. Абас и премиерот од редовите на Хамас Исмаил Ханија повикаа на сопирање на насилството. Советот за безбедност врши консултации околу можностите за испраќање на мировни трупи.