Во БиХ изборен молк пред локалните избори
6 октомври 2012Шефот на делегацијата на Европската Унија и специјален претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина Петер Соренсен ги повика сите граѓани утре да излезат на изборите и да гласаат. Тој порача дека локалните избори се можност граѓаните да ја обликуваат иднината во своите локални заедници.
„Веруваме дека одговорни и кон граѓаните насочени локални власти се еден од најважните столбови на секое општество“, изјави Соренсен.
Инаку од утринава во 7 часот започна изборниот молк и тој ќе трае се до затворањето на гласачките места во 19 часот утревечер.
Претседателот на Централната изборна комисија на БиХ, Бранко Петриќ изјави дека изборната кампања била на задоволително ниво, дека поминала мирно со мал број на приговори и желби.
За годинешниве локални избори во БиХ се регистрирани 3 милиони и 145 илјади гласачи, не сметајќи го Мостар во кој избори нема да бидат оддржани поради непостигнување на политички договор за измени на изборните правила кои се однесуваат на избор на советници во Градското совет на Мостар.