1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Во Берлин ограбен транспортер на пари

19 октомври 2018

Сцени како од криминалистички филм: непознати лица среде Берлин запреле и ограбиле транспортно возило, а потоа пукале врз полицајците кои ги гонеле.

https://p.dw.com/p/36phI
Überfall auf Geldtransporter
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

Повеќе маскирани лица денеска во раните утрински часови, околу 7:30, во центарот на Берлин, во близина на Александерплац, со две возила принудно запреле комби-возило, кое вршело транспорт на пари. Тие успеале насилно да ги отворат вратите на транспортерот и да го ограбат, по што со пленот побегнале со двата авотомобили. Еден од напаѓачите го отврил прозорецот на автомобилот и започнал да пука врз патролниот полициски автомобил кој тргнал да ги следи ограбувачите. Полицајците останале неповрденеи, соопшти берлинската полициска централа. За време на бегството низ Берлин, маскираните лица предизвикале и сообраќајна несреќа, по што сите се преместиле во еден автомобил. Полицијата спроведува опсежна истрага, при што ги замоли и граѓаните - очевидци да ѝ достават фотографии или видеа од инцидентот, доколку евентуално располагаат со такви.