1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Витешката титула на Ружди предизвикува протести

19 јуни 2007

Салман Ружди,авторот на Сатанските стихови,пред неколку дена беше прогласен за рицар од британската кралица Елизабета втора.

https://p.dw.com/p/AySF
Салман Ружди повторно мета на критикиФотографија: AP

Британскиот поет,кого иранскиот верски водач ајатолахот Хомеини го осуди на фатва,смрт,поради тоа што во својата книга наводно го навредил пророкот Мухамед,веќе 10 години живеее во егзил.Сега доби признание за своето литературно дело и може да се нарекува „сер“.Но честа коуја Ружди,кој денес слави 60-ти роденден, предизвика бес во Иран и во Пакистан.

Во Пакистан најголемиот дел од луѓето веруваат дека Салман Ружди е верски отпадник,кој со своите „Сатански стихови“ ги навреди исламот,Куранот и пророкот Мухамед.Да му се додели витешка титула,за многумина е повторување на навредата.Тасним Аслам,портраролот на пакистанското министерство за надворешни работи протестот на својата влада вака го објаснува:

„Салман Ружди преку своите книги секогаш одново се обидуваше да ги повреди муслиманите и да ги направи лоши.Тоа водеше до силни протести и предизвика силни чувства.Затоа,одлуката на Велика Британија да го прогласи Салман Ружди за рицар ,ние ја сметаме за погрешна.“

За скандалот во пакистанскиот парламент се погрижи министерот за религија,есктраконзервативниот и ултрарелигиозен Мохамед Ејаз ул Хак,кој најпрво побара од сите муслимански земји да ги прекинат дипломатските односи со Велика Британија.Потоа изјави дека ваквите одлуки на западот како во слуќајот со Ружди се корен на тероризмот во светот.,буквално велејќи:

„Кога некој ќе се дигне во воздух за да ја одбрани честа на пророкот Мухамед,тогаш тоа е оправдан чин.“

Кога потоа некои парламентарци му префрлија дека со тоа ги оправдува самоубиствените атентати,пакистанскиот министер за религија се погрижи за разјаснување.Тој уште еднаш застана на говорницата и рече дека не оправдува никакви самоубиствени напади,неговата изјава служела само за означување на корените на тероризмот.

Пакистанскиот парламент сепак го осуди одликувањето на Ружди во Велика Британија и побара од неа да ја повлече одлуката.Британскиот амбасадор во Пакистан се обиде да ги изглади работите.Прогласувањето за рицар на Салман Ружди е награда за неговото севкупно дело,рече Бринкли во Исламабад:

„Едноставно не е точно дека прогласувањето за рицар е навреда за исламот или пророкот.Исламот во меѓувреме е втора по големина религија во Велика Британија.Ние имаме големо почитување за исламот“,изјави британскиот амбасадор во Исламабад.