1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вистинска шанса за Македонците во Албанија

Вера Тодоровска21 ноември 2006

На претстојните локални избори во Албанија во трката за градоначалнички и советнички места за првпат ќе се најдат кандидати од партијата на Македонци,Македонска алијанса за европска интеграција

https://p.dw.com/p/AdhD
Избори во Албанија
Избори во АлбанијаФотографија: OSZE

Досега велат тие,каде и да живееле во Албанија биле членови на различни партии,па се случувало инцидентно некој од нив да се најде на кандидатските листи на албанските партии.Но затоа,сега свои кандидати ќе имаат и за градоначалници и за советници.Еден од нив е Едмонд Темелко,кој ќе се обиде да ја добие довербата за градоначалник на Пустец.Претседател е на друштвото Преспа,познат како голем борец за правата на Македонците во оваа земја.Тој заедно со Ефтим Митревски,прв човек на заедницата на Македонците и Кимет Фетаху,претседател на друштвото Мир се најзаслужните за досега остварените права,меѓу другото и за регистрацијата на партијата која е прва партија во албанскиот судски регистар врз етничка основа.34 годишниот Темелко дипломирал на факултетот за ветеринарство на Универзитетот во Тирана.Бидејќи не можел да се вработи,се занимава со трговска дејност.Татко е на едно дете,а како што со насмевка дополнува,второ чедо го очекува заедно со успехот на партијата на изборите.Неговата кандидатура едногласно е утврдена од страна на општинскиот комитет за Мала Преспа,набрзо ќе се знаат имињата на кандидатите за 13-те советнички места во оваа општина.Кандидати за градоначалници ќе има и во Голо Брдо и Гора,а во повеќе градови ќе излезат со советнички листи.

„Мислам дека ова е историска шанса која ни се нуди нам на Македонците во Албанија,преку нашата партија да се вклучиме во власта,во институциите на Албанија.Преку македонската партија,Македонска алијанса за европска интеграција,ние сакаме да ја оствариме нашата цел,остварување на нашите права како Македонци што живеат во Албанија,вклучувајќи се во нејзиниот политички живот.“

Тој не го крие задоволството што му е дадена довербата да биде кандидат за градоначалник и очекува да ја добие и довербата на гласачите.

„За мене е гордост што ме избраа и ми ја дадоа довербата членвоте на општинскиот комитет од Мала Преспа за да бидам кандидат за градоначалник од Македонската алијанса за европска интеграција и мислам дека ако во Албанија се спроведат демократски и фер избори,ако не с евршат притисоци врз членовите на нашата организација ,како што тоа се правеше досега,бидејќи јас сум претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија, мислам дека ние ќе успеем.“

Сепак,Темелко не крие дека ќе биде тешко:

„Тоа е тешка борба бидејќи условите,слабата демократија во Албанија,притисокот врз некои од вработените и нашите активисти се осеќа.Со напор мислиме да издржим еи да одиме на подобро.“

Во врска со можноста за коалицирање со други партии,тој вели дека досега начелно е постигнат договор со Социјалистичката партија.

„Тие ќе не поддржат во Пусетц,а ние нивниот кандидат во Корча,“додава Темелко.

Неодамна Централната изборна комисија во Тирана соопшти дека изборните материјали ќе бидат отпечатени на јазикот на етничките заедници,што значи и на македонски.

„Ние“,вели Темелко,„баравме и гласачките ливчиња да бидат отпечатени на македонски,но не верувам дека ова барање ќе ни биде задоволено.Би биле среќни ако на овие избори барем она што е најавено од Комисијата,биде реализирано.“

Локалните избори во Албанија с еодржуваат на секои три години,тие досега требаше да бидат спроведени,но поради несогласувањата меѓу власта и опозицијата најверојатно ќе бидат одржани во јануари.Претседателот Алфред Мојсиу најави дека поради непостигнатиуот консензус изборите ќе ги закаже на крајниот рок,а тоа е третата недела од јануари.