1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Винтеркорн си заминува и добро е што е така!

Томас Нојфелд / Е.М. Фиданоска24 септември 2015

Притисокот едноставно беше преголем. Врвот на Надзорниот одбор му покажа црвен картон на шефот на Фолксваген. Тој сепак мора да си замине и да отвори пат за нов почеток. Не доброволно, оценува Томас Нојфелд.

https://p.dw.com/p/1GcKc
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Одеднаш се‘ оди многу брзо. Винтеркорн до вторникот сакаше да се бори за угледот на Фолксваген, за целосна транспарентност и се разбира - за својот добар имиџ. По само 24 часа ерата Винтеркорн стана историја - и добро е што е така! Тука се работи за добриот имиџ на целата автомобилска индустрија, воопшто - за добриот углед на гераманската индустрија во светот. За таа цел на Фолксваген му е неопходен нов почетк.

Мартин Винтеркорн беше менаџер од „стара школа“. Повеќе патријарх отколку претседател на Управниот одбор на еден светски концерн. Тоа одамна не беше соодветно на новото време. Германскиот најмоќен економски раководител мораше да си замине затоа што ја загуби контролата врз „своето“ претпријатие. Претпријатие кое тој го доведе на светскиот врв. Но, успесите од вчера во криза бледеат брзо. Пред една недела тој за членовите на Надзорниот одбор беше „најдобриот можен“ менаџер, а сега тие му откажаа доверба. И тука - загуба на контролата. Веројатно не се прикажал во најдобро светло на кризната седница во централата на концернот во Волфсбург.

Neufeld Thomas Kommentarbild App
Томас Нојфелд

Претседателството немаше друг избор освен да го остави пред врата столот на врвниот менаџер. Тој не сакаше да си замине доброволно, а за неколку дена претстоеше и продолжување на неговиот договор. Тоа сега би било незамисливо не само поради правните ризици. На крајот сите се најдоа на иста линија: претставниците на работниците беа загрижени за околу 600.000 соработници ширум светот, а страната на капиталот за своите пари и углед.

За успешниот човек тоа е веројатно најгорчливиот ден во неговиот живот. На крајот на една спектакуларна кариера останува куп искршено стакло. Од тоа можеше да биде поштеден ако уште пред половина година направеше место на врвот за некој помлад. Мартин Винтеркорн го пропушти тој момент!