Вила Водно: Ја очекуваме новата грчка влада на масата за разговори
7 јуни 2012
Ги очекуваме на масата за разговори оние што ќе формираат влада во Грција со цел што поскоро надминување на спорот со името, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по последните обвинувања од Неа Демократија за национализам на македонските власти.
„Претседателот на Република Македонија, Иванов, својот став за реакцијата од
Неа демократија, го искажа во Мостар. Сакам само да потсетам на
неодамнешната изјава на претседателот Иванов дека, ги очекуваме на масата за
разговори, оние кои ќе формираат Влада, кога и да е тоа, што поскоро, тоа
подобро”, вели Дарко Костадиновски, државен советник за надворешна политика
на претседателот Иванов.
Реакцијата на Костадиновски следува по последните обвинувања на одговорниот
за надоврешна политика во Нова Демократија Панос Панајотопулос за
национализам и бескомпромисност на македонските власти во однос на спорот со
името.