1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виктор Орбан ги искривоколчува фактите

Бернд Ригерт
9 јануари 2018

Унгарскиот врвен популист, Виктор Орбан, целосно ja отфрла секоја форма на миграција и одбива да го почитува правото на ЕУ. Тоа на унгарскиот премиер не смее да му помине, порачува Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/2qXnI
Ungarn Viktor Orban Premierminister
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Со своето интервју за германскиот таблоид „Билд“, унгарскиот премиер Виктор Орбан по којзнае кој пат ѝ објави војна на ЕУ. Орбан инсистира на тоа дека тој не мора да се придржува кон пресудата на Европскиот суд на правдата, која тој ја нарекува „срамна“. Тоа е погрешно. Се разбира, Унгарија, Полска, и секако Германија, како и сите други земји членки на ЕУ мора да ги почитуваат пресудите.

Лажни вести на еден популист

Во спротивно ќе биде поткопана правната основа, темелот на Европската унија. Унија во која не се придржуваат сите кон владеењето на правото не е Унија. А тоа го знае и Виктор Орбан. Погрешна е неговата аргументација дека пресудата која ја принудува неговата земја да прима редистрибуирани бегалци од Грција и од Италија е ирелевантна. Прераспределбата на бегалците потврдена од Европскиот суд на правдата беше ограничена на две години и навистина истече во минатиот септември. И покрај тоа, таа треба да биде имплементирана. Барем така гласи пресудата. Тоа го знае и Виктор Орбан. Па сепак, тој за весникот „Билд“ го тврди спротивното. Лажни вести од еден популист.

Повеќе на темата:

-Изнудена солидарност во ЕУ

-Национализам кој доаѓа од Исток

-Унгарија и Словачка ќе треба да примаат бегалци

Генералното одбивање да се прифатат бегалци од муслиманска вера во Унгарија, бидејќи сите тие се „напаѓачи“, е целосна бесмислица. Станува збор за бегалци од сириска граѓанска војна или баратели на азил чие барање за заштита е веќе утврдено во Грција и Италија. Само такви лица беа вклучени во програмата за редистрибуција на ниво на ЕУ. Во меѓувреме, станува збор за само уште неколку стотици луѓе. И тоа, исто така, би требало да му биде познато на Виктор Орбан. Но, со неговите популистички слогани, тој, за жал, може да поентира кај населението во Унгарија, кое се чини дека паушално ги отфрла муслиманите. 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт, автор на коментарот

Унгарскиот премиер притоа свесно во исто лонче ги става бегалците, барателите на азил и илегалните мигранти и паушално го одбива приемот на кои било од овие луѓе. И ова исто така е чист популизам и нема никаква врска со реалноста. Европската Унија во никој случај не ја принудува Унгарија да прифаќа мигранти кои немаат шанса за добивање на  азил. И Европскиот суд на правдата не го прави тоа. Пресудата исклучиво се однесува на луѓето чиј статус на заштита веќе е загарантиран.

Бараната дускисија е веќе во тек

Сега мора одново да се дискутира, бара унгарскиот искровоколчувач на факти. И во право е. Во ЕУ веќе две години се разговара за реформа на постапката на примање и распределување на барателите на азил и на бегалците во ЕУ. Меѓутоа, досега, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка блокираа каков било договор бидејќи одбиваат секаква солидарна распределба на бегалци според квоти, дури и во исклучителни ситуации.

Солидарноста за Виктор Орбан значи да го прави прави само она што тој го смета за корисно. Тоа не може да остане така. Бидејќи финансирањето од Брисел му се допаѓа на Орбан. За оваа форма на солидарност во ЕУ, државите нето-уплатувачи во буџетот на Унијата  - најголема  меѓу нив е Германија - дефинитивно мора да размислат. И за тоа, новата година нуди добра можност. На крајот од краиштата, треба да се дискутира не само за миграциската политика, туку и за идната финансиска рамка на ЕУ и конечно на лето да биде донесена одлука. 

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија