Виктор Бут прогласен за виновен за трговија со оружје
3 ноември 2011Американскиот сојузен суд во Њујорк вчера го прогласи рускиот државјанин и озлогласен дилер со оружје Виктор Бут по обвиниението дека сакал да продаде пушки и проектили на колумбијска терористичка група, која имала намера да ги користи за напади врз американските сили.
Изрекувањето на казната врз основа на вчерашната пресуда е закажано за 8 февруари наредната година. Бут, кој се изјасни дека не е виновен, ќе поднесе жалба на пресудата, изјави неговиот адвокат. Виктор Бут, поранешен пилот во советската армија се товари дека се обидел да продаде оружје на американски тајни агенти, кои се претставиле како припадници на колумбиската левичарска герилска група ФАРК.
Русија изрази сомневање дека пресудата за Бут е фер и најави дека ќе се обиде да го врати осудениот во неговата татковина. „Наша цел е да се обидеме да го донесеме во неговата татковина“, изјави протпаролот на руското министерство за надворешни работи Александер Лукашевич. Тој меѓутоа не прецизираше како Русија ќе го изведе тоа.
Автор:СН/ГЧ/афп/ртр
Редактор: Борис Георгиевски