1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виенски економски Форум во Охрид

21 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBy

Специјалниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа , Ерхард Бусек изрази надеж дека во наредната 2008-ма година Македонија ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Според Бусек, Македонија и регионот се успешни приказни , интересни за инвеститорите. Бусек учествува на Виенскиот економски форум во Охрид на кој се говори за развојот на македонскиот туризам. Клучно за успешен развој според македонскиот премиер Никола Груевски е затворањето на косовското прашање. Груевски во говорот на Форумот изрази надеж дека македонија наскоро ја очекуваат подобри денови кога станува збор за туризмот.