1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виена: Средба за иднината на Балканот

ЕМФ /агенции
31 август 2018

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Виена ќе разговараат за перспективата за приклучување во ЕУ на балканските држави.

https://p.dw.com/p/344kh
Österreich Wien - Ministertreffen:  Heiko Maas, Karin Kneissl und  Federica Mogherini
Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл (л.) во Виена со германскиот колега Хајко Мас и Високата претставничка на ЕУ, Федерика МогериниФотографија: Imago/photothek/F. Gaertner

Освен европската перспектива на Балканот, во Виена се очекува да стане збор и за обидите за решение на деценискиот конфликт меѓу Србија и Косово. Во текот на последните недели во игра беше ставена размена на територии како можно решение на конфликтот. Повеќе држави на ЕУ зазедоа критички став кон таквите предлози, поради тоа што сметаат дека тоа би можело да влијае врз целиот регион и нерешените гранични проблеми не само на Балканот, туку и пошироко. 

Повеќе:

Размена на територии - враќање во Среден век

Косово и Република Српска во ист кош?

Кнајсл бара поголем ангажман од ЕУ

Меркел: „Мора да внимаваме“

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл побара поголем ангажман за приклучување во ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан. „Не можеме да си дозволиме поради недоволен ангажман на ЕУ во вакуумот што од тоа настанува да се вклучат други актери“, рече Кнајсл за весникот „Велт“ пред средбата на европските шефови на дипломатии во Виена. 

„Јасна европска перспектива е гаранција за политичка стабилност и економски просперитет“, изјави Кнајсл. Земјите на Југоисточна Европа во политичка, економска и културна смисла се дел од Европа и „при сето разбирање за колебливоста на некои земји членки, тоа не смее да биде поголемо од геополитичкиот интерес за брзо приближување кон ЕУ“, уверена е Кнајсл.