1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венецуела чекори кон диктатура

ЕМФ /агенции
31 јули 2017

Насилство на улиците, жртви и обвинувања за фалсификат - гласањето за Уставното собрание во Венецуела ја турка земјата во уште поголема криза. Претседателот Мадуро сепак оцени дека изборот бил успешен.

https://p.dw.com/p/2hQKe
Venezuela Protest
Фотографија: Picture-Alliance/Zumapress/J. C. Hermandez

Наспроти протестите и безредијата со голем број жртви, венецуелскиот претседател Николас Мадуро оцени дека гласањето за Уставното собрание во земјата било успешно. „Имаме Уставно собрание“, рече шефот на државата во Каракас пред стотици приврзаници. Според Мадуро, ова е „најголемо гласање за револуцијата“.

Шефицата на Националната изборна комисија, Тибисај Лусена, соопшти дека својот глас го дале повеќе од осум милиони луѓе, или 41,5% од вкупниот број избирачи. За место во Уставното собрание се пријавија околу 50.000 луѓе, а дозвола за кандидатура, согласно правилата на Мадуро, добија 6100 лица.

Venezuela Caracas Nicolas Maduro
Претседателот Никола Мадуро изјави дека гласањето било успешноФотографија: picture-alliance/dpa/M. Quintero

Опозицијата во Венецуела тврди дека бројките за излезноста на гласачите не се вистинити и прикажани се како превисоки. Претходно опозицијата повика на бојкот на гласањето. Таа со недели протестира против изборот на Уставно собрание, но протестите и двата генерални штрајкане го предомислија претседателот Мадуро. Противниците на владата го обвинуваат Мадури дека со нов Устав сака да си обезбеди „диктакторски овластувања“.

Krise in Venezuela
Опозицијата обвинува за фалсификатФотографија: picture alliance/dpa/M. Quintero

Гласањето во Венецуела беше проследено со жестоки безредија. Најмалку осум луѓе загинаа во саботата вечерта, соопштија властите. Опозицијата тврди дека има најмалку 15 загинати.

САД соопштија дека нема да ги признаат резултатите од гласањето за Уставното собрание. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, изјави дека Венецуела прави „чекор кон диктатура“. Можно е веќе во текот на денов САД да воведат нови санкции против Венецуела, јави Ројтерс повикувајќи се на извори во владата во Вашингтон.

И Колумбија, Панама и Перу, како и повеќе меѓународни организации соопштија дека не ги признаваат резултатите од гласањето.