1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Велосипедите на изнајмување создаваат хаос?

Бенџамин Најт
14 април 2018

Германските метрополи мака мачат со хаосот кој го прават велосипедите на изнајмување. Сепак, тој хаос е и натаму подобар отколку 20.000 автомобили плус на улиците, тврдат вело-активистите.

https://p.dw.com/p/2vaP6
Ford Bike in Köln
Фотографија: Imago/Lindenthaler

Германските градови досега главно страдаа поради премногу автомобили. Но, сѐ повеќе жители се жалат не само на возилата, туку и на диво паркираните велосипеди на изнајмување, кои се оставаат буквално насекаде низ градовите. Дури и највлијателниот германски заговорник на велосипеди, Општиот германски клуб на велосипедисти (АДФЦ), призна дека „извонредната идеја“ предизвикува и проблеми. „Кога велосипеди на изјамување во голем број ги блокираат тротоарите и пешачките патеки или излезите од гаражи, или едноставно се оставаат по парковите, тогаш тоа е голем проблем“, призна протпаролката на АДФЦ, Штефани Кроне.

Поплава од велосипеди

Вината, во добар дел, лежи кај фирмите кои во последно време го открија чудото наречено велосипед на изнајмување. Така во Минхен, во август минатата година, во сообраќај се пуштени 6.800 велосипеди, без притоа да се извесат градот и комуналната управа. Оправданата лутина поради хаосот со велосипедите е непотребен лош имиџ за инаку добрата идеја, порачува АДФЦ. Многу фирми дојдоа на идеја да заработуваат пари со велосипеди кои преку апликација може да се изнајмат и остават каде било во градовите.

China Leihfahrräder
Кошмар: Планина од стари велосипеди на изнајмување во Кина, фотографија која ЗИВ ја користи како застрашувачки примерФотографија: Reuters

Индустрискиот сојуз на производители на велосипеди (ЗИВ) смета дека градовите не биле „оптимално подготвени“ за поплава на нови превозни средства. Најголем проблем, притоа, се фирмите кои не располагаат со сопствени станици на кои може да се изнајмат и остават велосипедите.

Тука помага само ако опуштените велосипедисти „се удрат по џебот“, смета портпаролот на ЗИВ, Давид Ајзенбергер. Градовите како Минхен, Франкфурт или Келн, веќе почнаа да воведуваат ограничувања кои се однесуваат на тоа колку велосипеди смеат да се наоѓаат на одредено подрачје.

Надуен проблем?

Хајнрих Шресенројтер, портпарол на иницијативата Паметни градови, која се залага за решение на градските сообраќајни проблеми, смета дека вината ја сносат градовите: „Од една страна, градовите не реагираа подготвено на она што доаѓа. Од друга страна, овој проблем со велосипедите се дуе вештачки. Ние бележиме зголемување на порастот на автомобили во градовите за 1% годишно. Тоа само во Берлин се 20.000 автомобили, а околу тоа никој не се возбудува. Но, 3-4 илјади велосипеди кои се поставени низ градот одеднаш се голема медиумска тема. Тоа не го разбирам“, вели Штресенројтер во разговор за ДВ.

Deutschland - Fahrradprotestaktion gegen Falschparker n Köln
Автомобилите неретко паркираат на велосипедските патеки. Овој возач на велосипед во Келн го направил спротивното - паркирал на коловозот и на својот велосипед ставил натпис: „Отидов во пекарница, Се враќам брзо.“Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Geffe

Тој смета дека би требало подрастично да се казнува непрописното паркирање, за што казните во Германија се драстично пониски од европскиот просек од околу 100 евра. Штресенројтер верува дека проблемот со паркирање на велосипедите би бил решен доколку се намали површината за паркирање. Во некои градови како Келн, ваквата идеја не наидува на воодушевување. Штресенројтер е уверен дека поголем проблем е што фирмите за изнајмување велосипеди ги поставуваат своите велосипеди само онаму каде што се исплаќа најмногу - во центрите на градовите, каде што и турканиците се најголеми. Таквата логика ја следат сите фирми и затоа и има проблеми.

Масовни кражби на велосипеди во Македонија

„Мора да ги поттикнеме фирмите да ги оставаат своите велосипеди и по перифериите на градовите, да речеме во близина на станиците на приградската железница. Од такво нешто сме далеку“, вели Штресенројтер.

Кога станува збор за користењето велосипеди, Германците со копнеж гледаат кон соседството, во Данска или Холандија, кои уште пред неколку децении почнаа да го пропагираат велосипедот како најдобро решение за заглавениот сообраќај во европските градови.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид