1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вардар убедлив против Металург

ЕМФ/миа/макфкас15 ноември 2013

Дербито во Лигата на шампиони, во кое домаќин беше Металург, му припадна на Вардар 22:27 (9:13). Тренерот на Вардар, Андон Бошковски, предупредува дека претстојат уште дуели со Металург и не е се‘ готово.

https://p.dw.com/p/1AI6z
Фотографија: picture-alliance/Sven Simon

„Црвено-црните“, заслужено стигнаа до победата, откако во текот на целиот натпревар имаа контрола врз играта и резултатот. Поголемиот фонд на ракометари му дозволи на тренерот на Вардар, Андон Бошковски, во текот на целиот меч да одржува високо темпо на игра, на што Металург не можеше да одговори.

Дибиров со осум голови го предводеше Вардар до втората победа во Лигата на шампиони, Карачиќ постигна шест, а Петриќ, Прибак, Растворцев и Брумен по два гола. Голманот Милиќ имаше одлично издание на голот, тој одбрани 13 удари и еден седмерец. Атман беше единствената свтела точка во редовите на Металург, тој постигна седум голови, а по три гола реализраа Манасков, Ќоровиќ, Вугринец и Мојсовски.

Тренерот на Вардар Андон Бошковски на прес-конференцијата по завршувањето на синоќешното (14.11) дерби изјави дека неговиот тим заслужено победи, а како главни причини за успешниот резултат ги наведе поголемиот број квалитетни ракометари со кои „црвено-црните“ располагаат во моментов и изданието на голманот Страхиња Милиќ.

Handball SEHA League, Vardar und Metalurg
Вардар и Металург имаат еднаков број бодови во групатаФотографија: Agentur Makfax

„Победивме голем противник, пред се бидејќи имавме повеќе играчи во ротација. Но, ќе истакнам дека голманот Милиќ беше ’клучот’. Колку подобар голман толку полесно се победува. Денеска ние сме победници и се радуваме, но ни престојат уште дуели со Металург и не е се готово“, истакна Бошковски.

Од таборот на Металург го признаа поразот.

„На Вардар му ја честитам победата. Денеска беа подобри и победија. Тие повеќе ја посакуваа победата, а ние игравме како ним им одговара. Беа поконцентрирани и го признавам поразот“, рече тренерот Лино Червар.

По вчерашниот меч Вардар и Металург се израмнети на табелата во Ц групата со по шест бодови, три помалку од лидерот Барселона.