Буш повторно бара укинување на вонредната состојба во Пакистан
21 ноември 2007Реклама
Американскиот претседател Џорџ Буш повторно го повика пакистанскиот претседател Первер Мушараф да ја прекине вонредната состојба во земјата пред изборите кои се закажани за петти јануари. Ако не го стори тоа, тогаш ќе биде тешко да се верува дека Мушараф сака да ја унапредува демократијата во Пакистан, изјави Буш во едно интервју. Буш сепак нагласи дека Мушараф му е еден од најголемите сојузници во борбата против тероризмот.