1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш - Албанија

10 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aq9F

Американскиот претседател, Џорџ Буш, за време на посетата на Тирана се изјасни за независност на Косово. Тоа треба да се оствари дури и ако пропаднат дипломатските напори за соодветен заклучок на ОН, изјави Буш по средбата со албанскиот премиер, Сали Бериша. Буш попладнево на работниот ручек со премиерите на Македонија, Хрватска и Албанија, им се заблагодари на трите земји од Јадранската група за партнерството. Според албанскиот премиер, Сали Бериша, посетата на Буш на Албанија и разговорите со Јадранската тројка се знак на јасна порака на групата А 3 кон нивните НАТО аспирации. Буш е прв американски претседател кој ја посетил Албанија. Владата во Тирана говори за историска посета. Буш во Албанија престојува седум часа, а потоа заминува за Бугарија.