Буто ќе се кандидира на изборите во Пакистан
20 октомври 2007Реклама
Поранешниот пакистански премиер Беназир Буто и покрај вчерашниот крвав напад за време на нејзиното враќање во земјата, ќе учествува на претстојните парламентарни избори. Таа нагласи дека нападот, во кој загинаа повеќе од 130 лица, е насочен против демократијата, единството и интегритетот на Пакистан. Пакистанските власти ги обвинија исламските екстремисти дека стојат зад нападот, кој е еден од најтешките во историјата на земјата. Буто, која мина без повреди, на изборите во јануари ќе настапи како главен кандидат на народната партија.