Бројни македонски навивачи, кои утре (17.06.) во Букурешт ќе ја бодрат фудбалската репрезентација на вториот натпревар на ЕУРО 2020 против Украина, имаат можност да уживаат и во знаменитостите на романската метропола. Но, Букурешт во последно време има и уште една помалку позната туристичка атракција - шареноликата улична уметност на бетонските солитери.