Бродовите-ресторани во Берлин се „ин“
6 октомври 2013Има места во Берлин кои не изгледаат како да сте во голем град. На пример, мирни речни ракави во кои има бродови преправени во ресторани, каков што е „Фан Лон“, кој се наоѓа во инаку жива, популарна населба. „Едноставно е тука среде населбата Кројцберг. Никој не би очекувал дека тука е толку идилично“, вели еден гостин. Неговата партнерка се надоврзува: „Мирно, широчина, вода - тука е како на одмор“.
Одмор со гастрономска нега. На пладне се служи класиката на бродот: риба и чипс со лигњи. Берлин има многу водни површини и затоа и бројни бродови-ресторани. Во центарот на градот се наоѓа „Декхаус“. Капетан на бродската кујна е една жена од Бремен - Јута Хаџиев, која вели: „Работам тука веќе десет години, зашто е убаво и не би се менувала ова“.
Порано „Декхаус“ беше тајна атракција на берлинската сцена. Денес муштериите се мешани: „Голем број постојани гости, а во последните години и екстремно многу туристи“, вели Јута.
Идила може да се најде во берлинските предградија, на реката Хавел , кај „Стара љубов“. Во овој ресторан при јадењето можат да се набљудуваат едрилици.
„Дури и не ти се верува дека си во Берлин. Има само 30 минути до центарот, па сепак како да си сосема на друго место, можеш добро да се исклучиш од секојдневието“, вели една гостинка во ресторанот
Ладно пиво во зеленило. И вака можат да изгледаат последните сончеви денови во германската метропола