Бразил: Камповите на фудбалските репрезентации
Тимовите кои учествуваат на Мундијалот во Бразил се сместени сосем различно: среде градска врева, во природа или во свои сопствени изградени кампови. Ви нудиме преглед на разновидни сместувалишта на фудбалерите.
Хрватска: Прво одмор, ве молам!
Пресно реновираниот Тиволи Екоресорт Праја до Форте, каде се сместени хрватските фудбалски репрезентативци, се наоѓа на преубавата плажа на Праја до Форте, во природен резерват 55 километри северно од Салвадор. Во околината на кампот има дождовна шума и природни резервати, а долж 12 километри долгата плажа растат бројни кокосови палми.
Бразил: Куп пари за максимален успех!
Бразилската репрезентација сака мир. Тренинг-кампот Грања Комари на бразилската фудбалска селекција се наоѓа оддалечен во планинскиот регион Тересополис на околу 90 километри од Рио де Жанеиро. Во градежните работи за адаптација на кампот се инвестирани околу пет милиони евра.
Мексико: По трагите на Пеле
Мексико за своја база го избра пристанишниот град Сантос, родниот град на бразилскиот фудбалски стрелец-рекордер Пеле. Хотелот Парке Балнарио се наоѓа во историскиот дел од градот. Тренинзите се вршат на стадионот на ФК Сантос. Оттаму има еден и пол час возење до двата аеродроми во Сао Паоло.
Шпанија: Контакт со надворешниот свет
Бранителот на титулата светски фудбалски првак избра малку поладна клима и престојува во Клуб Атлетико Параненсе во Куритиба, во јужниот дел од земјата. Кампот е опремен со интернет, кабелска телевизија и клима уреди. Тоа треба да е доволно...
Англија: Во „гангстерски“ хотел!
Англичаните тренираат директно во подножјето на ридот Шеќерна глава во Рио де Жанеиро. За хотелот Ројал Тулоп, во кој се сместени, се зборува дека е поранешен „гангстерски“ хотел, во кој порано се случувале пукотници и киднапирања.
Италија: Бела Бразил!
Италијанците се сместени во Портобело во Мангаратиба. Хотелот се наоѓа на селски имот со ливади и река, во добро зачувана дождовна шума со многу простор и видик кон морето и плажа со бел песок долга еден километар, со кокосови палми.
Франција: Екстра желби во сино!
Французите се сместени во хотел со пет ѕвезди, ЏП во Рибеиро Прето. Притоа, куриозни се специјалните желби на Французите. Тие побарале соба со пет телевизиски екрани. Сите 23 соби на играчите морале истовремено да бидат преуредени и да имаат иста боја на ѕидовите. А во бањите морало да има гел за туширање наместо вообичаениот хотелски сапун.
Швајцарија: Прошталниот турнир на Хицфелд во луксуз!
Швајцарците не се простуваат со тренерот Отмар Хитцфелд без луксуз: тие се сместени во хотел со пет ѕвезди Ла Торе во Порто Сегуро. Тој се наоѓа наспроти плажата Мута, една од најубавите во Порто Сегуро.
Германија: Инвестиција во камен!
Германија е единствена на Мундијалот во Бразил која за својот тим си изгради свој камп. Кампо Бахиа се наоѓа на 30 километри северно од Порто Сегуро во близина на местенцето Санта Круз Кабралиа и е достапен само преку вода.
Португалија: Одмор со базен!
Националната селекција на Португалија е сместена во фамилијарен хотел со четири ѕвезди. Од Ројал Палм Плаца во Кампинас до Сао Паоло има само 100 километри. Покрај ресторанот има и голема велнес-понуда, два надворешни базени и еден покриен, што треба повеќе?
Русија: Колонијален стил и мир!
Хотелот Сан Рафаел Кантри во Иту е резервиран за Русите. Луксузното сместувалиште во колонијален стил се наоѓа во природа, на околу сто километри од Сао Паоло. На играчите ќе им биде тешко, покрај одморашката атмосфера со базен и палми, да се одржуваат фит.