1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гладта за промени не стивнува

ЕМФ/дв/бета9 февруари 2014

Во повеќе градови во Босна и Херцеговина и за денеска (9.02) се најавени протести. Со посебно внимание се следат оние во Сараево, каде демонстрантите бараат оставка на кантоналната и на федералната влада.

https://p.dw.com/p/1B5gS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Граѓаните на Сараево најавија продолжување на протестите на кои бараат оставка на Владата на Федерацијата БиХ. За 12 часот е најавено ново собирање, а повикани се граѓаните од цела БиХ повторно да излезат на улиците и да бараат смена на владејачката структура на Федерацијата БиХ, на чело со премиерот Нермин Никшиќ од Социјалдемократската партија (СДП)

По тридневни протести во Сараево, премиерот на кантоналната влада Суад Зељковиќ поднесе оставка. Демонстрантите бараат и смена на членовите на Претседателството на БиХ.

Премиерот на Федерацијата БиХ Никшиќ рече дека е „подготвен да даде оставка ако постои ново парламентарно мнозинство“. „Додека тоа не се случи, јас ќе ја извршувам оваа функција и ќе се борам за народот“, изјави Никшиќ. Тој додаде дека „единствено што е неопходно за промена на власта во Федерацијата БиХ се 50 гласови во Парламентот“ и рече дека „многу радо‘ би прифатил вонредни избори во федерацијата БиХ.

Bosnien-Parlament FBiH
Нермин Никшиќ (лево) е подготвен да даде оставка ако постои ново парламентарно мнозинствоФотографија: Nedim Grabovica/klix.ba

Членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ оцени дека „во ваква ситуација вонредни избори се единствена опција“.

Досега, по четиридневни протести, оставки поднесоа премиерите на кантоните Тузла, Зеница и Сараево. Ви Федерацијата БиХ има 10 кантони, а граѓаните бараат нивно итно укинување и намалување на обемната државна администрација во БиХ.

Во текот на вчерашниот ден, во повеќето градови во БиХ беше мирно, а таму каде што имаше протести немаше инциденти.