1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борусија и со пораз во четвртфиналето

БГ/макфакс20 март 2014

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд ја комплетираа листата на тимови кои изборија учество во четвртфиналето, во Лигата на шампиони.

https://p.dw.com/p/1BT31
Фотографија: picture-alliance/dpa

Манчестер Јунајтед, на домашен терен, успеа да ја надмине предноста која Олимпијакос ја имаше по првиот меч. Робин Ван Перси, ги постигна головите за победата на Јунајтед од 3:0.

Холанѓанецот во 25. минута избори пенал, кој го претвори го гол, потоа во финишот на првото полувреме ја искористи асистенцијата на Руни, а во 51.минута погоди од слободен удар.

Покрај Ван Перси, огромни заслучи за пласманот на Јунајтед меѓу осумте најдобри екипи во Европа, има и голамнот Де Хеа, кој имаше неколку одлични одбрани.

Борусија пред своите навивачи загуби од Зенит со 1:2, но европскиот вицепрвак оди во четвртфиналето благодарение на победата од 4:2 во првиот натпревар.

Хулк, во 16.минута, од 30-тина метри го матира Вајденфелер. Израмнувањето стигна во 38.минута кога Кел со глава го погоди голот на Малафеев. Голот за победа со која Зенит се прости во Лигата на шампиони, го постигна Рондон во 73.минута.

Пласман во четвртгфиналето во Лигата на шампиони изборија Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен. Четвртфиналните двојки ќе бидат извлечени в петок, во седиштето на УЕФА во Нион.