1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борусија Дортмунд не направи „чудо“ против Реал

ЕМФ/дв/макфакс/бета9 април 2014

Борусија Дортмунд доминираше на средбата против Реал, но сензација не се случи - победата од 2:0 на домашен терен вчеравечер (9.04) не беше доволна за пласман во полуфиналето на Лигата на шампиони.

https://p.dw.com/p/1Be94
Фотографија: picture-alliance/dpa

И покрај извонредната борбена игра, Борусија Дортмунд не успеа да го мине Реал Мадрид. Предноста на шпанскиот клуб од првиот натпревар (0:3) беше преголема. Двата погодока за Борусија ги постигна Марко Ројс (24 и 37.минута). Она што го прикажа Реал без Кристијано Роналдо беше разочарувачки, но доволно за да се оди натаму во Лигата на шампиони.

Во полуфиналето вчеравечер се пласираше и Челзи, откако во Лондон го победи Пари Сен Жермен со 2:0. На тој начин беше надополнета предноста од два гола што францускиот тим ја имаше по мечот во Париз. Челзи имено тогаш беше поразен со 3:1, но со тоа што постигна гол во гости, избори пласман во полуфиналето на ЛШ.

Вечерва се играаат другите две реванш четвртфинални средби од Лигата на шампиони. Бајерн Минхен игра против Манчестер Јунајтед (1:1 во првиот натпревар), додека Атлетико Мадрид ги одмерува силите со Барселона (1:1).