1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борбите во источна Украина фрлаат сенка врз важната средба во Берлин

С.Недевски/дпа/ртр/афп17 август 2014

Проруските сепаратисти соборија украински борбен авион. Владините трупи јавуваат за заземање на делови од Луганск. Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер апелира за брз политички излез од кризата.

https://p.dw.com/p/1Cw47
Фотографија: Reuters

Спроти кризната средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина во Берлин се зострија борбите во упориштата на проруските сепаратисти во источна Украина, Доњецк и Луганск.

Украинската влада соопшти дека сепаратистите собориле украински борбен авион но и оти украинските војници навлегле длабоко во Луганск, град во источниот дел на земјата, контролиран од страна на бунтовниците во развојот на случувањата кои би можел да биде пресвртница во четиримесечниот конфликт.

Украинскиот советот за национална безбедност соопшти дека владините сили ја завзеле локалната полициска станица во Луганск по жестоките конфликти во населбата Глема Вергунка. Повеќенеделните борби земаа данок во Луганск, за кој градските службеници тврдат дека е дојден на работот на хуманитарна катастрофа. Опсадата која ја спроведуваат владините сили доведе до прекин на снабдување на основни прехранбени производи, како и на снабдување со струја и вода. Иако бунтовничките сили редовно ги препуштале териториите во последните недели, тие и понатаму покажуваат значителни воени капацитети.

Aussenministertreffen Brüssel Steinmeier
Фотографија: GEORGES GOBET/AFP/Getty Images

Штајнмаер: Потребни се политички импулси

Украинскиот воен портпарол Олерксеј Димитрашковски изјави дека сепаратистите го собориле украинскиот воен авион над областа на Луганск, откако тој веќе извршил напад врз позиции на бунтовниците. Пилотот се катапултирал и е одведен на сигурно, рече тој. Другиот воен портпарол, Андреј Лисенко, подоцна изјави дека статусот на пилотот мооментално се проверува.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер кој учествува на средбата на неговите колеги од Русија, Сергеј Лавров и на Украина, Павло Климкин предупреди од натамошно заострување на конфликтот меѓу двете земји. Потрагата по политички излез од украинската криза не смее да биде запоставена. „Итно ни се потребни нови политички импулси, во спротивно ни се заканува опасност, да дојдеме во ситуација во која повторно ќе назадуваме и ќе влеземе во заострена спирала на ескалација на состојбите“, рече министерот Штајнмаер. На разговорите во Берлин треба да учествува и францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус.

Одисејата на рускиот конвој продолжува

Во меѓувреме камиони на рускиот конвој за помош на источна Украина денеска стигнаа на граничниот премин кој го контролираат сепаратистите.

Меѓутоа, малку е веројатно дека тие веднаш ќе влезат во Украина бидејќи Црвениот крст соопшти оти уште не добил безбедносна гаранција за поминување на конвојот низ земјата, пренесува БиБиСи.

Црвениот крст, како што наведува агенцијата Ројтерс, соопшти дека украинските и руските царински службеници се согласиле да извршат инспекција на камионите. На граничниот премин Изварине возилата стигнаа под контрола на бунтовниците така што е нејасно дали на украинските службеници ќе им биде дозволено да дојдат до конвојот. Киев инсистира дека секој конвој кој се праќа во источна Украина преку Русија ќе треба да ги премине граничните премини под контрола на владините сили. Украинскиот совет за национална безбедност исто така соопшти оти нејзините граничари не примиле никакви документи за стоката која ја превезуваат камионите. Конвојот неколку дена е паркиран во близината на местото Каменск-Шахтински по поаѓањето во вторникот од околината на Москва, превезувајќи 2.000 тони помош. Руските службеници кои ги цитираше агенцијата Риа Новости, изјавија дека камионите се поделени во помали групи да се избегне сообраќаен метеж, но оти нема никакви планови да ја поминат границата во текот на денешниот ден. Украинската влада во саботата вечер соопшти дека конвојот го прогласила за „легален“, но службениците на Црвен крст соопштија оти се’ уште не добиле гаранција за нерешените безбедносни прашања.

Russland Ukraine Laster mit Hilflieferung Ladung
Фотографија: Reuters