Борби меѓу Хамас и Фатах
16 мај 2007Реклама
Во најновите борби меѓу ривалските палестински организации Хамас и Фатах во појасот Газа, загинаа најмалку 5 лица. Според информациите на претставник на Фатах, вооружени лица го нападнале домот на шефот на безбедноста на Фатах. Во битките потоа, било убиено едно, а ранети се 15 лица. Претходно, според извештаи на очевидци, со гранати била нападната една позиција на полицијата на Хамас, а бомби експлодирале и во близина на бирото на претседателот Махмуд Абас. Вчера во борбите меѓу Хамас и Фатах загинаа најмлаку 16 лица. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост поради новата ескалација на насилство и побара итно примирје.