1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борби меѓу Хамас и Фатах

16 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag3e

Најмалку 16 палестинци загинаа во судирите меѓу ривалските палестински организации Фатах и Хамас и израелски воздушен напад во појасот на Газа. Израелската армија потврди дека извршила напад врз позиции на Хамас во кој загинале четири лица. Преставник на Фатах, соопшти дека вооружени лица го нападнале домот на шефот на безбедноста на фракцијата. Во престрелката било убиено едно, а ранети се 15 лица. Претходно, според извештаи на очевидци, со гранати била нападната една позиција на полицијата на Хамас, а бомби експлодирале и во близина на бирото на претседателот Махмуд Абас. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост поради новата ескалација на насилство и побара итно примирје.