1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борба меѓу државата и црквата во Хрватска

Ф.Хофман/ А.Трајковска 14 декември 2013

Трајниот конфликт меѓу католичката црква и левичарско-либералната влада на новата ЕУ - членка Хрватска сѐ повеќе добива карактер на борба на култури.

https://p.dw.com/p/1AUKA
Фотографија: picture alliance / Arco Images GmbH

Секое утро верниците во Загреб доаѓаат до Каменита врата, камената порта. Таа остана неоштетена во пожарот од 18. век, бидејќи наводно сликата на Богородица ги спасила ѕидините од уништување.

Портата потоа стана капела - и место за изразување благодарност на Дева Марија за излечените болести.

Во Камената порта станува опиплив длабокиот хрватски католицизам.

90 проценти од населението се изјаснуваат како верници. Сепак црквата ја губи својата политичка моќ. По многуте корупциски скандали на конзерватиците, во парламентот веќе две години мнозинство имаат партиите на левиот центар.

Социјалдемократско-либералната влада се обидува да го модернизира општеството. За луѓето како Дамир Стојиќ, свештеник од Загреб, тоа е како да им објавува војна. „За мене тоа се предавници. Отворено можам да кажам дека тие се против народот. Веќе нема да го кријам тоа!“

Во студентскиот дом свештеникот агитира против брак меѓу хомосексуалци, на пример, како во Западна Европа. Во Хрватска вжештено се дискутира. На референдумот поддржан од црквата, во неделата 65 проценти гласаа за христијанското сфаќање на бракот да се преземе во уставот, но излезноста беше само 38 проценти.

„Бракот е за нас заедница меѓу маж и жена. Тоа веќе стои во законот. Меѓутоа ние сакаме ова да стои и во уставот. Зошто? Видовме и во други земји во светот: само 15 од 206 држави го имаат легализирано т.н. хомо-брак. Против волјата на луѓето, тие го спроведоа тоа со сила“, вели Стојиќ.

На свештеникот Стојиќ му пречи и мислењето на критичарите за поранешниот хрватски генерал Анте Готовина.

„Господ да го благослови. Тој е национален херој. Плачев од среќа кога беше ослободен лани на 16. ноември. Јас би сакал тој политички се ангажира. Мислам дека би требало да сфати дека сѐ уште сме во војна, но ова е поинаква војна“.

Војна за вредности, за која тој би сакал да го впрегне Готовина, националниот херој на конзервативните. Готовина прво беше осуден од Трибуналот за воени злосторства во Хаг поради злосторство против човештвото во војната во 90-те години против Србите. Во последна инстанца меѓутоа беше ослободен поради недостиг на докази, со голема правна поддршка од католичката црква.

За активистите за слобода и човекови права во Хрватска тоа е лоша коалиција. Со недели се среќаваа претставници на различни групи, за да и се спротивстават на црквата со контра-кампања. Тие стравуваат од уназадување на најмладата членка на ЕУ.

Борба на култури.

Kroaten stimmen in Referendum für Verbot der Homo-Ehe
Фотографија: STR/AFP/Getty Images

„Католичката црква во Хрватска е многу силна, како што видовме, таа и нејзиниот референдум добија подршка. против хомо-браковите и прифаќањето на сликата за бракот меѓу мажи и жена во уставот. Мислам дека во иднина можеме да очекуваме слични работи од црквата, за таа повторно да ја зајакне својата позиција“, вели Сара Лалиќ од Центарот за мировни студии

Станува збор за многу општествени прашања. Црквата крена бура и против наставата по сексуално воспитување во училиштата и имаше успех.

Сега би можеле да уследат референдуми за правото на абортус или за улогата на жената. Социјалните мрежи се полнат со аргументи против ставовите на црквата.

Оваа борба за вредностите тукушто започна, вели и Аријана Рабар. Со недели таа секој ден го почнува со поглед во интернет, ги следи најновите дискусии.

Оваа самохрана мајка има две деца. Рано наутро, седум часот, син и‘ оди на училиште.

„Црквата овде пропагира комплетно семејство. Но, тоа во Хрватска многу често не е така. Има многу разводи и тие законски се лошо регулирани“, вели Рибар.

Меѓу другото и под притисок од црквата. Аријана Рабар стравува дека спротивставените интереси ќе се заоструваат.

Едните сакаат секуларно, отворено општество. Црквата и нејзините приврзаници полагаат врз традицијата.

Тоа веќе се чувствува и во соседството. Една жена во години вели: „Имам две деца и четири внуци. Еден брак, едно семејство се состои од мајка и татко!“

Вака не мислат само старите.

Еднаш неделно свештеникот Стојиќ кани на предавање во неговата црква. Таму доаѓаат повеќе стотици млади, на една мешавина од христијанска поука и политички говор.

Тој зборува злонамерно за неговите противници, групите кои се залагаат за човекови права, кои сакаат секуларна Хрватска.

За секоја ситница тие ќе викаат „дискриминација“.

Тоа е добро прифатено од приврзаниците. Половина година по влезот во ЕУ, Хрватска се движи кон длабока поделба на општеството.