Блискоисточниот квартет со поддршка до ЕУ околу Хамас
31 јануари 2006Хамас мора да го признае правото на Израел на постоење и постоечките договори за мир, изјави генералниот секретар на ОН, Кофи Анан по средбата со американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс и високи дипломати на ЕУ и Русија. Американскиот претседател, Џорџ Буш, во Вашингтон изјави дека САД нема да ја поддржат палестинската влада на Хамас.
“Хамас јасно истакна дека го отфрла правото на опстанок на Израел. Додека е тоа негова политика ние нема да ја поддржиме палестинската влада формирана од Хамас“, изјави Буш.
Хамас, вчеравечер, на барањата на блискоисточниот квартет реагираше со отфрлање. “Квартетот требаше да побара прекин на израелската окупација и агресија, а не да бара од жртвите да ја признаат окупацијата и да стапат со врзани раце пред агресијата“, изјави портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри. Тој додаде дека Хамас сака добри односи со западот.