1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блатер сѐ уште не е поразен

Јоша Вебер/ превод:С.Н.22 декември 2015

Јозеф Блатер доби осумгодишна суспензија од страна на Етичката комисија на ФИФА. Во светот на фудбалот, изгледа како да владее колективно олеснување. Но суспензијата не значи и крај на приказната, предупредува Јоша Вебер

https://p.dw.com/p/1HRVx
Фотографија: Getty Images/P. Schmidli

Беше тоа повторно оној стариот Јозеф С. Блатер: борбен, полн со енергија, целосно буден- и бескрајно сигурен во себе. Кога вчера (21.12.) попладнето во централата на ФИФА излезе пред новинарите, многумина го очекуваа поразениот поранешен претседател на Светскта фудбалска федерација. Нестабилниот од и фластерот кој Блатер веќе со денови го носи под десното око, го сугерираа токму тоа: Блатер е скршен, можеби веќе нокаутиран. Но тоа беше заблуда. За жал.

Јозеф С. Блатер, вечниот кормилар на ФИФА, уште не е готов. Иако „неговата“ Етичка комисија го суспендираше на 8 години поради злоупотреба на положбата и прекршување на етичките правила, исто како и претседателот на УЕФА Мишел Платини. Но Блатер оваа пресуда не ја прифаќа и сака да ја оспори на сите истанци. „8 години? Поради што?“- праша Блатер и најави дека ќе се бори: „За ФИФА, за мене“.

Отсекогаш за Блатер самата ФИФА и тој, Блатер, беа едно исто. И токму во тоа е проблемот. Блатер „диктира“ и по суспензијата, се шета во централата на ФИФА како зомби и го попречува толку потребниот нов почеток во светскиот фудбал.

Блатер жртва? Смешно...

Во својот емотивен настап преполн со сочни изрази („срамота“, „лага“, „неправда“), тој се претстави како жртва на Етичката комисија и побара човечност и почитување- секако за себе, за кого друг? Сосема е очигледно оти овој човек страда од губење врска со реалноста, бидејќи се’ уште не може да објасни каде исчезна исплатата на сомнителните 1,8 милиони евра- во што истражителите гледаат мито за изборната победа на Блатер во 2011. година.

Кога работата не би била толку сериозна, би можеле и да се насмееме на неговиот смешен монолог пред новинарите. Но фудбалот е на крстопат. Раководството на најомилениот спорт на светот го бие лош глас и тоа со право. Истрагите во САД и во Швајцарија ни претставија и тоа каков корумпиран систем, што мора да се заврши. Сега.

Weber Joscha Kommentarbild App

„Не можам да кажам дали е ова добар ден за ФИФА“, рече Блатер. Човек едноставно сака да му дофрли: „Да, ова е навистина добар ден!“ Само, дали е навистина така? Точно е дека, по пресудата за Блатер, конечно се нуди можност за големо чистење во ФИФА. Системот на матни и илегални зделки кои Блатер со години ги толерираше и во кои, според мислењето на Етичката комисија, активно учествувал, мора да се расветли и му се стави крај. Пакети влезници за светските првенства како противуслуга за гласови, продажба на телевизиски права по исплаќање мито, стекнување влијание преку распределба на фунции... Работите во ФИФА функционираат како на црн пазар: се’, изгледа, може да се купи, па дури и Светското првенство. Блатер оваа култура со години ја поттикнуваше- и од неа профитираше. Иронија на судбината е дека сега, барем привремено, го „урива“ токму Етичката комисија, инструментот кој токму тој го инсталираше за го поправи угледот. Истата таа која пред него ги „елиминираше“ прво неговите противници- Мохамед бин Хамам и Џек Ворнер.

Системот Блатер (засега) живее и понатаму...

Како ќе течат работите понатаму? Веројатно со долг правен процес. А вистина е и ова: Блатер се’ уште не е поразен. Тоа важи и за системот кој тој го одбележа. Речиси сите позиции во ФИФА ги зазедоа послушниците на Блатер, многу функционери важат за „оштетени“. Без оглед на пресудата на високите инстанци во случајот Блатер, Светската фудбалска федерација се наоѓа пред огромна задача- пред темелна реформа. Дури откога тоа ќе успее, ќе видиме дали ова навистина беше добар ден за фудбалот.