1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Блатер пак кандидат за шеф на ФИФА

ЖА/дпа/афп/ртре 9 мај 2014

78-годишниот Јозеф Блатер сака и по 2015 година да остане претседател на ФИФА. Тој се кандидира за петти мандат на функцијата, што не е изненадување, но неочекуван е моментот на најавата.

https://p.dw.com/p/1BxFe
Фотографија: EZEQUIEL BECERRA/AFP/Getty Images

„Јас сакам да продолжам, зашто уште не е готово“, изјави Јозеф Блатер на подиумска дискусија на швајцарскиот булеварски весник „Блик“ во Цирих.

„Мојата функција е на крајот, но мојата мисија не е завршена“, смета 78-годишниот Блатер, кој e на чело на ФИФА, Светскиот фудбалски сојуз, од 1998 година. Ако во 2015 година следи негов резибор, тоа би му бил петти мандат на функцијата.

Дека сака да прдолжи и натаму на чело на ФИФА, Блатер навести уште во февруари, но истовремено најави дека конечната одлука ќе ја донесе и соопшти на Конгресот на ФИФА на 10 јуни во Сао Паоло, непосредно пред почетокот на Мундијалот во Бразил. На манифестацијата во Цирих Блатер изјави дека одвај чека да започне Светското фудбалско првенство во Бразил.

„Бразил е земја на фудбалот и на самбата. Пред секој Мундијал секогаш има проблеми, но стадионите ќе бидат завршени. Кога ќе почне првиот натпревар, цел Бразил ќе биде во ритамот на фудбалот“, изјави Блатер.

За можен конкурент на Блатер на чело на ФИФА e претседателот на УЕФА, Мишел Платини, кој најави дека ќе се изјасни за аспирациите веројатно пред почетокот на Мундијалот. Досега единтсвен официјален кандидат е поранешниот функционер на ФИФА и долгогодишен соработник на Блатер, Жером Шампањ.