1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

БиХ не смее да биде казнета поради азилантите Албанци

10 март 2010

Азилантскиот бран од Македонија и Србија кој ја заплисна ЕУ би можел да ја загрози визната либерализација за земјите кои се надеваат дека ќе бидат опфатени со следниот бран олеснувања, во прв ред БиХ.

https://p.dw.com/p/MNyj
Фотографија: picture alliance/dpa

По проблемите со напливот на потенцијални азиланти од Македонија и Србија, главно со албанско етничко потекло, во ЕУ се’ почесто се слушаат предупредувања дека тоа би можело да има последици врз одлуката за визна либерализација за БиХ.

Европарламентарката Франциска Брантнер која неодамна го посети Сараево, вели дека Европскиот парламент нема да биде препрека на патот на БиХ кон укинување на визите.

„Јас во ЕП не гледам никој, освен можеби крајно екстремните пратеници, кој би можел да ја казни БиХ поради она што се случува со Албанците. Но, не можам да го тврдам истото и за владите на земјите-членки, каде е можно да има проблеми“.

БиХ мора прво да го расчисти својот двор

Брантнер смета дека во овој момент е најважно ЕУ и Европската комисија да реагираат брзо и да не дозволат да се направат дополнителни штети, кои би предизвикале проблеми и неодобрување на безвизниот режим за БиХ.

Сепак, Брентнер вели дека токму политичката состојба во БиХ е најголемата препрека за напредокот на земјата кон ЕУ, иако признава дека и европската политика во тој поглед има многу недостатоци. Тие се видливи, пред се ’, во недостатокот на заедничка стратегија, но и волја за јасно да им се укаже на политичките актери во Босна дека нивната иднина е во заедничка држава.

Karte Bosnien (englisch)
Фотографија: DW

„Би било многу подобро кога би имале јасна политичка стратегија за БиХ која би ја следеле сите 27 земји-членки. Притоа, недостасува и волја да се преземе одговорноста за решавање на состојбата во БиХ, а тоа го сметам за опасно и контрапродуктивно“.

За пратеничката која доаѓа од редовите на германската партија на Зелените, во Босна мора да бидат решени проблемите со функционирањето на политичкиот систем, почитувањето на правата на малцинствата, заштитата на човековите права, економските тешкотии, па евентуално да се донесе и нов Устав. Според Бентнер, клучно е да се разбере дека во ЕУ нема дилеми оти БиХ е единствена држава чија иднина е заедничка за сите кои живеат во неа.

Автор: Марина Максимовиќ/ Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

редактор: