Берлинската концертна сала обвиткана со појаси за спасување
16 февруари 2016Реклама
Портокаловите појаси беа обвиткани околу столбовите на концертната сала во Берлин и со нив се апострофира страдањето на бегалците кои секојдневно се обидуваат да пристигнат во Европа преку Егејското море.
Општинските власти на Лезбос соопштија дека му испратиле околу 14 илјади појаси на Аи Веивеи за неговиот проект. Кинескиот уметник во повеќе наврати го посети островот од почетокот на кризата.
Десетици илјади појаси за спасување остануваат расфрлани на плажите на островот, особено во северниот дел каде и најчесто пристигнуваат бегалците.