1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин даде зелено светло за договорот на ЕУ со Киев

АТ/ дпа/ афп/ ртр19 март 2014

Германската влада е согласна за потпишување на политичкиот дел од Договорот за асоцијација меѓу Европската унија и Украина.

https://p.dw.com/p/1BSTE
Фотографија: picture alliance / ZB

На седницата на владиниот кабинет министрите и дадоа зелено светло на канцеларката Ангела Меркел да го одобри договорот на ЕУ со Украина на претстојниот самит на Европската унија. Портпаролот на владата Штефан Зајберт појасни дека Берлин во договорот гледа „важен сигнал за поддршка на Украина“.

Сигнал и до Русија

Меѓутоа се работи и за јасен сигнал кон Русија. ЕУ не прифаќа со економски, политички или воен притисок да се влијае вез надворешно-политички одлуки на други земји, изјави портпаролот на владата. Зајбер ја повика Русија итно на умереност. Германската влада сака „да избегне натамошна ескалација“. Евентуално проширување на кризата на истокот и на југот на Украина би можело „да има несогледливи последици“, предупреди портпаролот на Меркел.

Зајберт повторно го критикуваше припојувањето на Крим кон Русија. „Русија оди по патот на меѓународна изолација и тоа е пат кој крие голема опасност за соживотот на државите во Европа“, појасни портпаролот на германската влада.

Тој смета дека споредбата на престедателот Владимир Путин на случувањата на Крим со германското обединување е недозволиво. Германското обединување беше спојување на две одделени држави на иста нација, рече Зајберт. „Руската интервенција напротив води кон поделба на Украина“.

Договорот за асоцијација всушност требаше да биде потпишан уште во ноември 2013 година, кога тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович, поради обѕири кон Москва го одби. Оваа одлука доведе до демонстрации во Киев, кои пак предизвикаа соборување на проруската власт во земјата.