Берлин: Да продолжи спроведувањето на Преспанскиот договор
2 октомври 2018Штефен Зајберт (насловна фотографија), портпарол на германската канцелрка Ангела Меркел, рече дека преовладувачката поддршка за договорот со Грција меѓу гласачите во неделата, е „основа“ за продолжување на работата на договорот од Преспа.
Зајберт рече дека е важно да продолжи поддршката за спроведување на договорот. Тој изјави оти договорот од Преспа е „историска“ можност да се отстранат пречките во односите на Македонија со НАТО и со Европската унија.
Повеќе:
-Мас: Добро е што по референдумот, за договорот со Грција ќе се расправа во парламентот
-Фијаско на политиката на Западот во Македонија
-Парламентот ќе ја тестира одговорноста на опозицијата
Зајберт покрај тоа истакна дека потребните 50 насто излезеност за успех на референдумот, се „многу висок“ процент, бидејќи меѓу регистрираните гласачи има многу луѓе кои одамна се иселени од Македонија.