1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без медиумите нема борба против корупцијата

Самир Хусеиновиќ/ Симе Недевски11 декември 2013

Додека корупцијата го разјадува општеството во БиХ, надлежните не реагираат на медиумските извештаи за корупција. Новинарите на правосудните органи им префрлуваат поради „затвореност“.

https://p.dw.com/p/1AVz7
Фотографија: picture-alliance/CTK

Без медиумите нема адекватна борба против корупцијата, оценија учесниците на конференцијата која во организација на Транспаренси интернешнл (ТИ) беше организирана во Сараево по повод 9. октомври, Меѓународниот ден на борба против корупцијата. Претседателката на Советот за печат на Босна и Херцеговина, Љиљана Зуровац за ДВ вели дека медиумите во БиХ известуват за корупцијата и оти со посредство на медиумите се откриени бројни корупциски афери.

„Но медиумите не можат да одат понатаму од известување. Понатаму треба да работата органите на прогон и обвинителствата. Ние имаме Агенција за борба против корупцијата, која постои само за да постои, но таа всушност нема можности да работи, со оглед дека нејзината финансиска состојба не е решена како што треба“, вели Љиљана Зуровац.

Состојбта на медиумите далеку од задоволителна

Извршниот директор на ТИ за Босна и Херцеговина, Срѓан Благовчанин смета дека состојбата на медиумите во БиХ во смисла на борба против корупцијата е „далеку од задоволителна“. „Се разбира не можеме целата вина да ја адресираме на медиумите, бидејќи и контекстот во кој делуваат медиумите е таков што тие се соочени со политички притисоци, потоа притисоци кои доаѓаат од криминалните кругови, а дел од медиумите е под директна контрола на политичките партии или криминалните кругови“, вели Благовчанин.

Konferenz Medien in Südosteuropa 2010
Претседателката на Советот за печат на Босна и Херцеговина, Љиљана ЗуровацФотографија: DW

Новинарката на магазинот „Старт“, Рубина Ченгиќ, вели дека како професионалец е незадоволна од односот на надлежните органи кон медиумите кои ги истражуваат случаите на корупција. Таа укажува на проблемот на „затвореност“ на обвинителствата и судовите и истакнува дека во БиХ нема да има напредок во борбата против корупцијата „додека 20 или 50 луѓе не бидат тешко осудени за злоупотреба на функцијата“.

Граѓаните и медиумите во борба против корупцијата

„Факт е дека неодамнешните анкети покажаа оти во контект на борбата против корупцијата, граѓаните во БиХ сѐ уште најголема доверба имаат во новинарите. Факт е дека и граѓаните се подготвени да разговараат со новинарите за корупцијата, да им ја дадат документацијата која ја поседуваат, што е од голема помош за новинарите, а веќе се сложивме дека без новинарите нема соодветна борба против корупцијата“, вели Рубина Ченгиќ за ДВ.

Граѓаните на Сараево главно користат пофални зборови за односот на босанско-херцеговските медиуми кон корупцијата, која како што смета мнозинството анкетирани, го разјадува општеството во БИХ. Но има и такви кои изнесуваат и определени забелешки.„ Корупција во Босна и Херцеговина има толку многу, така што медиумите би требало да се занимаваат само со таа тема. Мислам оти корупција има и во медиумите, што истотака е голем проблем. Жално е што нема соодветна реакција на надлежните органи за наводите за корупција“, вели Ф.А. од Сараево.

Спорред податоците на ТИ за Босна и Херцеговина, земјата и натаму стагнира кога е во прашање борбата против корупцијата и се вбројува меѓу оние држави чија стапка на корупција „опасно влијае врз сите сегменти на општеството“.