1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бајерн ја обезбеди есенската титула

Б. Георгиевски/кикер/дв29 ноември 2012

Гигантот од Минхен со победата на гостувањето кај Фрајбург на три кола пред паузата ја обезбеди неформалната титула „есенски“ првак. Леверкузен се искачи на втората позиција.

https://p.dw.com/p/16sQu
Фотографија: THOMAS KIENZLE/AFP/Getty Images

И покрај загреаната атмосфера во пресрет на дербито против Борусија Дортмунд, фудбалерите на Бајерн Минхен не подлегнаа на притисокот и лесно дојдоа до трите бода на гостувањето кај Фрајбург. Работата им беше олеснета и од судските одлуки на мечот. Најпрво во 12. минута за Бајерн беше досуден пенал кој го реализираше Милер, а шест минути подоцна Диагне заработи црвен картон поради старт над Шаќири. Со играч повеќе и гол предност, Бајерн рутински го одигра мечот до крајот, а конечниот резултат го постави Тимошчук во 79. минута.

Бајерн сега има 37 бода од 14 натпревари. Десетте бода предност пред второпласираниот Бајер Леверкузен се гаранција дека баварците ќе ја освојат есенската титула. Бајер, пак, се искачи на највисоката позиција сезонава по серијата добри игри. Во средата (28.11) совладан беше Вердер нагости со убедливи 4:1.

Во Менхенгладбах, Борусија беше подобра од Волсфбург, победи со 2:0 и се искачи на деветтата позиција на табелата. Волфсбург, по неколкуте добри резултати по отпуштањето на тренерот Феликс Магат, повторно се врати во опасната зона која води кон понизок ранг.

Fußball Bayer 04 Leverkusen Werder Bremen Bundesliga Bremen Deutschland
Фудбалерите на Леверкузен беа убедливи против ВердерФотографија: picture alliance/Sven Simon

Штутгарт се намачи во дуелот против фенерџијата Аугсбург, но на крајот стигна до неубедлива победа од 2:1 и си ја задржа позицијата во „златната средина“.

Во Нирнберг, домаќините забележаа важна победа во дуелот против Хофенхајм од 4:2. Со трите бода Нирнберг конечно направи мал скок на табелата, додека Хофенхајм и дефинитивно покажа дека сезонава ќе се бори за опстанок.