Баша - Идејата за Голема Албанија е минато
8 мај 2007Реклама
Албанскиот минисер за надворешни работи Лјулјзим Баша во центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон ја отфрли идејата за создавање Голема Албанија и потенцираше дека Албанците од Албанија, Косово и Македонија единствено сакаат членство во ЕУ и НАТО. Таквите желби кои некогаш постоеја, веќе ги нема – истакна Баша. Шефот на албанската дипломатија се спротивставени и на промени на планот на Марти Ахтисари за Косово.