1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барозо се надева на решение на спорот со името

16 септември 2009

Старо-новиот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, по денешниот (16.09.2009) реизбор од страна на ЕП, во ексклузивна изјава за Дојче веле рече дека ЕУ ќе ги почитува дадените ветувања кон Балканот.

https://p.dw.com/p/Ji46
Жозе Мануел БарозоФотографија: AP

Господине Баросо, дали и во вашиот втор мандат ќе бидете силен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, пред се‘ за земјите од Балканот?

Барозо: Ќе продолжиме со нашите ангажирања, тоа го имам кажано во мојата програма. Ние ќе ги почитуваме дадените ветувања. Од друга страна, се надевам дека ќе имам можност јас лично да ги посетам земјите од Балканот, со порака на доверба за нивната иднина во Европа и истовремено порака дека треба да направат и тие напори и реформи за да го продолжат нивното приближување. Лично се надевам дека тоа ќе ги води до членство во Европската унија.

Хрватска и Словенија најдоа решение за нивниот проблем...

Барозо: Тоа е добра вест! Добра вест!

Мислите ли дека ќе има добра вест и за проблемот меѓу Грција и Македонија?

Барозо: Да се надеваме. Да се надеваме...

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска