1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Барнс: Македонија и Албанија треба да ја заслужат поддршката за НАТО

27 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJv

САД би сакале да им пружат иста поддршка на Албанија и Македонија за влез во НАТО, каква што и пружаат на Хрватска, но Албанија и Македонија треба да ја заслужат – изјави во Брисел потсекретарот на американскиот Стејт Департмент, Николас Барнс. Барнс не прецизираше што треба Скопје и Тирана да направат за да добијат силна поддршка на САД за членство во НАТО. Македонскиот премиер Никола Груевски изјавата на Барнс ја толкува како порака за засилено спроведување на потребните реформи. Министерот за одбрана Ист е ставот и на министерот за одбрана Лазар Еленовски кој очекува Македонија во 2008 да добие покана за членство во Алијансата.