Една театарска претстава деновиве предизвикува голем интерес на целиот Балкан, но и во САД, зашто се работи за актери од повеќе земји. Претставата зборува за војните во поранешна Југославија во деведесеттите години од минатиот век, се темели на грчките трагедии и носи универзална антивоена порака. Проектот се вика „Балкан Бордело“.