1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ајрин“ дојде, Американците побегнаа

27 август 2011

Со брзина од 151 км на час, ураганот „Ајрин“ го зафати источниот брег на САД. Никогаш порано толку многу луѓе не биле повикани да ги напуштат своите домови. Вонредна состојба е прогласена во седум сојузни држави.

https://p.dw.com/p/12Ogq
Фотографија: dapd

Прва на ударот на „Ајрин“ беше сојузната држава Северна Каролина, односно регионот на Џексонвил. Во повеќе од 90.000 домаќинства снема електрична енергија. Гувернерот на Северна Каролина, Беверли Пердју, изјави дека има големи штети на електричната и водоводната мрежа. Иако јачината на „Ајрин“ во текот на изминатата ноќ е намалена и сега е бура од прва категорија, предупредувањата до граѓаните остануваат на сила. Според Мајк Бренен од Националниот центар за урагани во Мајами, решавачка не е максималната брзина на ветрот, туку многу повеќе големината и траењето на ураганот.

Погодениот регион им припаѓа на најгусто населените подрачја во САД. Во коридорот каде минува ураганот живеат околу 65 милиони луѓе. Експертите сметаат дека штетите ќе изнесуваат милијарди долари. Повеќе од 2,3 милиони луѓе беа повикани да се засолнат.

Hurrikan Irene Radarbild Flash-Galerie
Радарска снимка на ураганотФотографија: dapd

Откажани илјадници летови, нема автобуси и возови

„Не чекајте и не се колебајте“ - апелираше американскиот претседател Барак Обама до милиони Американци кои живеат меѓу сојузните држави Северна Каролина и Нова Англија.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг нареди евакуација на над 300.000 жители на јужниот крај на Менхетен и на Кони Ајленд. Евакуирани се и пациентите во две болници за коишто се претпоставува дека ќе бидат зафатени од поплави. „Ваква принудна евакуација досега не се случила“, нагласи Блумберг. Граѓаните не треба да се залажат од мирот пред бурата. „Њујоршката градска управа не би наредила евакуација, ако не е убедена во потенцијалната опасност на ’Ајрин’“, изјави Блумберг.

Obama / Hurrikan / Irene
Американскиот претседател Барак Обама го скрати одморот поради ураганотФотографија: AP

Првпат во историјата денеска запирa вкупниот железнички и автобуски сообраќај во Њујорк, каде унаку ураганот се очекува во текот на утрешниот ден. Откажани се илјадници летови во наредните неколку дена. Вонредна состојба е прогласена во неколку сојузни држави, а подготвени за интервенирање се околу 100.000 членови на Националната гарда. На располагање се ставени и 18 воени хеликоптери за евентуални акции за спасување на североистокот на САД.

Автор: Ралф Зина / дапд / дпа / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Трајче Тосев