Ахмети-не сакаме голема Албанија
4 април 2007Реклама
Настаните на Косово нема да влијаат врз Македонија,смета лидерот на опозиционата ДУИ во Македонија,Али Ахмети во интервју за грчкиот весник Катимерини.Ние очекуваме завршување на процедурите за независност на Косово.Наша цел не е ниту формирање голема Албанија,ниту големо Косово,целта ни е да станеме мал дел од голема Европа,вели Ахмети.Тој тврди дека косовските Албанци немаат територијални претензии кон соседите.