1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Арнаутовиќ казнет со еден меч суспензија

БГ /АП
16 јуни 2021

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ со еден меч суспензија поради навредите кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

https://p.dw.com/p/3v2KK
Fußball EURO 2020 Vorrunde/ Österreich-Nordmazedonien 3-1 | Alaba und Arnautovic
Фотографија: Frank Hoermann/SvenSimon/picture alliance

Марко Арнаутовиќ е суспендиран од мечот на австриската репрезентација против Холандија кој е на програмата на Европското првенство утре. Дисциплинската комисија на УЕФА во рок од 24 часа од отворањето на постапката му ја изрече казната на австрискиот репрезентативец од српско потекло.

Фудбалската федерација на Македонија претходно испрати жалба до УЕФА поради однесувањето на Арнаутовиќ по постигнувањето на третиот гол за Австрија во победата од 3:1 во првото коло на Еуро2020.
На снимките од инцидентот може јасно да се види дека Арнаутовиќ го навредува Алиоски на национална основа.

Арнаутовиќ по мечот се извини за навредите и рече дека „не е расист“. И самиот Алиоски го минимизираше инцидентот изјавувајќи дека такви нешта се случуваат на натпреварите и потврди дека австрискиот фудбалер дошол да се извини и во соблекувалната по мечот.

Согласно правилата на УЕФА, Арнаутовиќ можеше да заработи и казна од 10 натпревари суспензија доколку дисциплинската комисија го прогласеше за виновен за расистички или навреди на етничка основа.