1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

АРМ останува во Авганистан во германскиот контингент

БГ/миа23 октомври 2013

Припадниците на македонската армија ќе останат во Авганистан и по официјалното завршување на мисијата на НАТО, и тоа во германскиот контингент, јавува агенцијата Миа

https://p.dw.com/p/1A57z
Фотографија: Miguel Villagran/Getty Images

Македонската армија ќе остане во Авганистан и по завршувањето на ИСАФ-мисијата на Северно-атлантската алијанса (НАК) и тоа најверојатно во контингентот на Германија, потврди министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, по завршувањето на состанокот на Северно-атлантскито совет на НАТО што во седиштето на Алијансата се одржа со не-НАТО контрибуторите во мисијата во Авганистан.

Според првиот човек на македонското Министерство за одбрана, на денешниот состанок на земјите кои придонесуваат во Регионалната „Команда Север“ во Авганистан, која е предводена од Германија, тој во својот говор порачал дека Македонија е подготвена да учествува во наредната Мисија на НАТО во Авганистан по 2014 година, исто така во германски контингент.

„Има голем напредок под водство на Германија на тој дел од Мисијата ИСАФ и наредниот ангажман, водени од позитивното искуство од претходно, сакаме да продолжи во соработка со Германија. Припадниците на нашите армии досега имаа одлична соработна и тоа е добра основа за наше понатамошно учество во склоп на „Команда Север“, додава министерот Џафери.