1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Апсење поради сомнителните писма во САД

СН/ агенции
4 октомври 2018

По пристигнувањето на сомнителни писма во институции на американската влада, осомничено лице е уапсено во државата Јута. Писмата очигледно содржеле високо токсична супстанца слична на опасниот отров рицин.

https://p.dw.com/p/35xdl
USA Pentagon Washington
Фотографија: picture alliance/dpa/D. Brack

Како што објавија неколку медиуми, осомничениот доаѓа од градот Логан во сојузната држава Јута. Таму се случило и апсењето. 39-годишниот осомничен им бил познат на безбедносните власти поради закани и ширење на теории за заговор на интернет. Истражителот на ФБИ, Даглас Дејвис, за телевизискиот канал КУТВ дека во моментот не може да објави детали за случајот.

Сомнителните писма испратени до американското Министерство за одбрана содржат супстанца слична на рицинус, но не е во прашање овој многу силен отров, изјави пак портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.

„Изгледа дека супстанцијата е некој дериват на рицин, истрагата се' уште е во тек“, изјави таа и додаде оти не е рицин.

Пентагон вчера соопшти дека во текот на неделата добиле две сомнителни пратки. Овие пратки биле упатени до едно лице во Пентагон, а пронајдени се во зградата каде што пристигнува поштата за Пентагон, наведе министерството и додаде оти се сомневаат на рицин. Писмо со сомнителна супстанција било испратено и до американскиот претседател Доналд Трамп. Писмото не беше примено во Белата куќа, пликото никогаш не влезе во Белата куќа, соопшти американската Тајната служба преку Твитер. 

Рицинот е силен отров од растително потекло, 6.000 пати посилен од цијанид. Ако се проголта оваа супстанца, вдиши или вшприца, настапува смрт за помалку од една минута. Не постои противотров за рицин.